Актуелно, Доза вести

Пристигна „Лице в лице“ #53: Луѓе за работа има, да им ги зајакнеме вештините!

Соочени со веќе хроничен дефицит на работна сила, бизнисите бараат решенија. Додека 2023 година е прогласена за европска година на вештини, „Лице в лице“ дава докажани предлози, кои гарантираат придобивки за бизнисот, не само во делот вклученост и различност.


Свесни дека недостатокот на работна сила сериозно влијае на пазарот на труд, но, и дека потребите на работниците ги менуваат општествата, „Лице в лице“, во своето ново, 53-то издание кое излегува од печат денеска, длабински ја разработува оваа тема и нуди решенија кои носат резултати кои ги посакуваме. Овој број на уличното списание за одржлив развој е посветен на решенијата за градење инклузивен пазар на труд.

Прочитајте за тоа на кој начин социјалните иновации како социјално менторство / менторство за работна интеграција и професионалното менторство ги подготвуваат овие лица за пазарот на труд.

Изданието тргнува од предизвиците за недостаток од работна сила.
Преку својата содржина, го истакнува потенцијалот на групи сограѓани кои долго време не се гледаат како дел од решението– Роми, лица со попречености, млади работници без искуства и со нови потреби, самохрани родители, жени кои преживеале насилство, лица кои што долго биле исклучени од пазарот на трудот и многу други ранливи сограѓани. Отсуство од пазарот на труд, ги прави поразлични, а нив им е потребно време за адаптација, како и поддршка која е адресирана преку менторство, надворешно – од социјален ментор и внатрешно, од ментор за професионална интеграција на работното место.
Инклузивноста и инклузивните работни места се новиот потенцијал на бизнисот да привлекува и да задржува вработени и новиот потенцијал што ќе го овозможува неговиот развој.



Списанието ќе го најдете од кај нашите продавачи од партнерските организации: во Скопје – Црвен крст на град Скопје, Центар за заштита на правата на детето / Дневен центар за деца на улица Шуто Оризари, „Порака Неготино“, Волково, во Битола- МКЦ Битола,  во Струга и Охирд – „Порака Нова и во Неготино – „Порака Неготино“.

Може и да го набавите преку нашата веб продавница, која е достапна на овој линк


Претплатете се на „Лице в лице“.


Изданието е поддржано од Регионалниот ГИЗ проект „Социјално вклучување на ранливите групи во Западен Балкан“, по налог на Сојузното министерство за економска соработка и развој (БМЗ). Мислењата во оваа објава го претставуваат мислењето на „Лице в лице“ и авторите и не ги претставуваат нужно ставовите на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

Напишете коментар